Тошковски: Истраги против екс владини функционери

Осумина осомничени за криминал во Државната лотарија. Меѓу нив поранешен премиер, екс вицепремиер, поранешен генерален секретар и   директор. Полициски екипи утрово извршиле претреси на девет локации во скопско и во кумановско. Двајаца од осомничените се надвор од државата.

Неофицијално, поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на државна лотарија Прпетим Бајрами се сомничат за сторен криминал при набавката на апарати за коцкање со која буџетот бил оштетен буџетот за речиси 12 милиони евра. Од порачани 825 апарати, инсталирани биле околу 300, а останатите не биле во функција.

Во меѓувреме, цели седум години без лиценца Лотарија, овозможувала онлајн обложување. Постапка е отворена и против царински службеници на граничниот премин кон Косово кои, како што вели, вчера наутро направиле големи пропусти.

Од Јавното обвинителство пак велат дека истрага се води против шест лица кои ја искористиле својата позиција и намерно нанеле штета на акционерското друштво.

„Првоосомничениот делото го сторил во својство на претседател на Управниот одбор – Генерален директор на “Државна лотарија”, додека второосомничениот презел дејствија во својство на одговорно лице - претседавач со седница на Влада одржана во својство на собрание на Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија. Останатите четворица осомничени биле претседател и членови на комисија за два одделни јавни повици.“ - Јавно Обвинителство.

Поранешниот вицепремиер Груби, кој неодамна беше ставен на „црната листа“ на САД поради наводи за значителна корупција, доцна синоќа на Фејсбук објави дека е надвор од земјава во приватна посета.

„Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување.“ - Артан Груби.

Груби, пред една недела беше ставен на црната листа на САД за вмешаност во значителна корупција. Амбасадорката на САД Анџела Агелер во гостувањето на „Слободен печат“ посочи дека воопшто не била изненадена што екс првиот вицепремиер се нашол на листата, напротив, искажа задоволство. 

Пред околу една година, од страна на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Груби, Бајрами и уште неколку лица беа обвинувани за наводни зделки поврзани со лотаријата. Тврдеа дека соработници од кабинетот на Груби, членови на управен одбор на лотаријата и лица блиски до ДУИ и Ахмети купувале локали и отворале фирми, кои подоцна се издавале и добивале тендери за лотаријата по енормно високи цени.