Тошковски: Граѓаните кои живеат во непосредна близина на пожарот во Трубарево да ги напуштат домовите

Поради зголемено загадување на воздухот, денеска на граѓаните кои живееле во непосредна близина на пожарот што зафати објект во скопско Трубарево, им било препорачано да ги напуштат своите домови, соопшти вечерва на прес конфернција министерот за внатрешни работи Панче Топшковски кој е на чело на Управувачкиот комитет во кој се и министрите за здравство, за одбрана, за животна средина и за земјоделство. Забележливо беше отсуството на првиот вицепремиер и министер за животна средина ИзетМеџити.

Тошковски рече дека пожарот е локализиран и нема опасност да се прошири на околните објекти, но огнот се уште гори и во тек е негово гаснење.

Пожарот, како што посочи, избил нешто по 13 часот во складиште за рециклирање на електронски отпад во Трубарево. Тој рече дека вакви пожари имало и во други земји во Европа и во светот, а според негови сознанија ова е прв ваков пожар во Македонија.

„Пожарот зафати објект во кој се складирани поголеми количини електронски и платичен отпад“, рече Тошковски.