Тошковски го осуди инцидентот во бугарската амбасада
Инцидентот со потпалувањето на двете возила во сопственост на Бугарската амбасада во Скопје, предизвика голем број реакции и наиде на бројни осудувања во двете држави.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го осуди настанот и рече дека рече дека насилството во државава нема да биде ниту дозволено ниту толерирано.
Осуда за какво било насилство спрема било кого во Македонија е логична. Насилство нема да дозволиме и нема да биде толерирано.
Лицето кое се сомничи за палењето на возилото е многу брзо идентификувано и обезбедено од страна на МВР, во соработка со Агенцијата за национална безбедност.
Бугарската претседателка Илијана Јотова и денеска остана на истиот став. Според неа, палењето на возилата е напад врз Бугарија.
Тоа што се случи во Македонија вчера е инцидент без преседан. Палењето дипломатски автомобили во Скопје, кои се сопственост на бугарската држава, го сфаќам како напад врз Бугарија.
Автомобилите во сопстевност на Бугарската амбасада беа полиени со течност и запалени од страна на 44 годишен македонски државјанин со иницијали И.Д. Од македонската влада го осудија настанот и кажаа дека за вакви инциденти нема место во демократска држава. Жестоки реакции стигнаа и од бугарското МНР. Оттаму кажаа дека инциденотот е последица на агресивен политички говор и говор на омраза кон Бугарите во Македонија.
Ова е втор инциден годинава пред Бугарската амбасада, во јануари беа искршени стаклата , и тогаш сторителот беше итно приведен.

