Тошковски: Досега немаме утврдена никаква одговорност за градоначалникот

Согласно законските одредби кои досега ги анализравме, надлежен за издавање на предметна дозвола во рамки на постапување е Министерство за економија, надлежен за се' што е поврзано со самите услови кои треба да се исполнат, а е поврзано со пожарите е Дирекција за заштита и спасување. Секој еден друг, за кој ќе утврдиме дека има соодветна незкаонитост во рамите на своето постапување, ке постапиме како и за другите. Досега немаме утврдена никаква одговорност на градоначалникот. Факт е, порано била издавана од општините, но со последните измени на законот, колку што знам дозовлите се издаваат од Министерство на економија. - вели Тошковски.