Тошковски дојде на влада, Џафери ја отвори седницата на албански
Со вовед на албански јазик и со присуство на сите министри вклучително и оние од опозициската ВМРО-ДПМНЕ техничкиот премиерот Џафери ја отвори конститутивната владина седница.
Сепак слушалките за превод не им беа потребни, бидејќи потоа го продолжи своето обраќање и на македонски јазик односно и на двата јазика.
Иако министрите на ВМРО-ДПМНЕ не се фотографира ниту на фемили фото со Џафери и на почетокот беа со став дека нема да се појават на конститутивната седница денеска дел од нив со изјава дека тоа било само во интерес на граѓаните и државата.
Во однос на пасошите и рокот кој што истекува до средина на февруари, а за кои Тошковски најави измени на законот, иако вели свесен е за хаосот низ кој поминуваат македонските граѓани денеска дискутирал и со грчката амбасадорка, но не кажа дали нашле решение.
На првата конститутивна седница новиот технички премиер Џафери ги именуваше и замениците на претседателот на владата како и претседателите и членовите на основните и посебните комисии на техничката влада.
Како што и се најавуваше нема промена на вицепремиерските функции освен рокадата на првиот вицепремиер функција која сега ја има Бојан Маричиќ наместо Артан Груби кој си останува во политички систем.