Тошковски: Дискотеката имала две нелегални и фалсификувани лиценци
Објектот во Кочани кој служел како дискотека, немал лиценца за работа како дискотека. Последната издадена лиценца е во март 2023 та година за кабаре од министерството за економија, со важност од една година до март 2024та. По овој датум клубот Пулс не смеел да работи како дискотека.
Од министерството за економија не излегоа со податок, дали после март минатата година лиценцата е обновена и за каков тип на објект. Министерот Тошковски изјави дека клубот немал легална лиценца. Напомена дека има фалсификувани лиценци со датум од 2024 та година наваму.
Приведени се 15 луѓе меѓу нив поранешен државен секретар на Министерство за економија, раководител на сектор во Мнистерство за економија, приведен е и поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во Дирекцијата. Министерството за внатрешни работи во кординација со јавното обинтиелство, има осомничено, повеке од 20 луѓе. Околу 15 се во полициска станица, дел од осомничените за предизвикување на овој настан се почнaти, дел се во болница.
Тошковски информираше дека во дискотеката во Кочани имало 500 гости, а пријавени биле 250 влезници. Министерот потврди дека во дискотеката имало и малолетни лица. Според неговите информации, дваесетина од повредените се тинејџери, а тројца од починатите биле деца под 18 години. Во полицоската станица во Кочани во текот на целиот ден се носат докази од изгорената дискотека.
Пожарот кој утрово околу 2 часот изби во кочанската дискотека, повредени се 155 луѓе кои се хоспитализирани се во различни здравствени установи низ државата, а 27 се во критична состојба, а 13 се транспортирани во Солун. Загинатите 59 луѓе се од Скопје, Штип, Кочани, Пробиштип.