Тошковски: Целата процедура за случајот со телохранителот на Мицкоски е законска
Телохранителот на премиерот Мицкоски нема да биде гонет кривично, откако вчера полицаецот кој изеде ќотек од него ненадејно реши да не го тужи.
За оваа одлука на претепаниот полицаец опозицикста СДСМ денеска вели дека срамна била вчерашната реакција на МВР и на Министерот Тошковски да го ослободи телохранителот на Мицкоски кој тепаше полицаец. Според СДСМ полицецот ја повлекол тужбата бидејки телохранителот на Мицкоски требало да биде унапреден во Командир на специјалната единица Тигар.
Се огласи Министерот за внатрешни работи Тошковски кој вели дека целата процедура со овој случај била законска.
Тепаниот полицаец кој беше нападнат во февруари пред кафе-барот „Мош“ самиот побарал од Обвинителството кривично да не го гонат Ивица Бисовски, поранешниот телохранител на сегашниот премиер, Христијан Мицкоски. Предметот прво го работело Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Потоа се утврдило дека на полицаецот Влатко Г. не му била нанесена телесна повреда како елемент на кривично дело кое би било во надлежност на ова одделение, а предметот бил отстапен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје. Министерот Тошковски претходно најавуваше и кривична и дисциплинска одговорност за Бисовски, но инцидентот е решен без никаква одговорност.