Топлотен бран и шумски пожари во голем дел од Европа
Foto

Топлотен бран и шумски пожари во голем дел од Европа

Топлотен бран и шумски пожари во голем дел од Европа. Грчките власти наредија нова евакуација на лицата кои живеат во близина на Атина, додека трет ден по ред, земјата се бори со огнената стихија која зафати голем дел од државата.

Температурите од над 40 Целзиусови степени и силниот ветер во различни делови на земјата во последните денови предизвикаа повеќе од 150 пожари. После десетина часа, грчките пожарникари успеаја да го изгаснат и  пожарот кој беснееше во западниот дел на Пелопонез, во близина на местото каде во минатото се оддржувале.

- По борбата со пожарот во текот на целата ноќ, се чини, пожарникарите успеаја да го спасат локалитетот кој античкото богатство е надвор од опасност. - изјави министерката за култура Лина Мендони.

Пожарите кои веќе десетина дена беснеат во Турција оставија пустош во земјата. Досега е потврдена смртта на осум лица а голем број на жители и туристи се евакуирани. Турската морнарица испарати два брода кои би можеле да се користат за евакуација на населението. Авиони и десетици хеликоптери им се придружија на пожарникарите кои се борат со пожарите.

Пожари со недели беснеат низ Италија а десетици илјади хектари шума изгореа во повеќе делови во централниот и јужниот дел на земјата. Само во последните две недели, Италијанските шпжарникари имале повеќе од 1500 интервенции.

Големи пожари има и на западнитот дел на САД. Околу 2.000 жители на калифорнија се повикани под итно да ги напуштат своите домови, откако им се приближи најголемиот пожар годинава во оваа американска сојузна држава. Од рекордната жештина која од почетокот на јуни ги погоди САД и Канада, починаа стотици луѓе и беа предизвикани голем број пожари.

0 Коментари

Остави коментари