ТОПЛО-ЛАДНО СО СНИМКИТЕ ВО „РЕКЕТ“
Foto

ТОПЛО-ЛАДНО СО СНИМКИТЕ ВО „РЕКЕТ“

Прво рече па порече. Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, иако вчера кажа дека снимките на осудениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески ќе бидат презентирани јавно, сепак таа денеска од судот побара јавноста да биде исклучена. Зошто се премисли не кажа. На крај од рочиштетот, во од', само порача новинарите да ја прашаат судијката зошто одлучила така. А судечкиот судија Васка Николовска Масевска пак призна дека ниту таа ниту било кој од судечкиот совет не ги видел снимките но сепак со нив можел да биде загрозен угледот на луѓе што не се дел од овој процес и дека јавноста не е битна затоа што нејзиниот збор е последен.

На ова реагираа и адвокатите и обвинетите кои тврдеа дека нема ништо компромитирачко во снимките.

Обвинетата Катица Јанева пак тврди дека со овие снимки ќе се покаже дека во случајов не станува збор за рекет туку за поткуп.

Инаку денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев потврди дека тројца службеници од МВР по налог на Русковска ги следеле обвинетите во случајот „Рекет“. Дали во МВР има тонски записи од следењето упати на одговор кај поранешниот министер Оливер Спасовски.

Со денешното рочиште заврши излагањето на доказите од страна на обвинителството. На следното, закажано за в четврток ќе почнат да се изведуваат доказите на одбараната.

0 Коментари

Остави коментари