Тони Трајковски дојде на судење за „ТНТ“
Foto

Тони Трајковски дојде на судење за „ТНТ“

Со нов состав на судечкиот совет и резервен судија поротник денеска во Основниот кривичен суд – Скопје започна од почетокот судењето за предметот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цаноски.

Во судница присутен е и обвинетиот Тони Трајковски, кој на претходните две рочишта не се појави, поради немање уредна покана, по што Судот побара негово полициско спроведување.

Судијата Огнен Ставрев, пред почетокот на денешното рочиште, го праша Трајковски дали бил спроведен со полиција или сам дошол, на што обвинетиот рече дека дошол сам иако немал покана. – Без покана. Барав вчера покана, ама не добив, изјави Трајковски.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово. За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба,Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Првото рочиште за судењето за „ТНТ“ се одржа на 24.01.2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.

0 Коментари

Остави коментари