Тони Трајковски бил нападнат поради кавга за куче
Foto

Тони Трајковски бил нападнат поради кавга за куче

Тони Трајковски, поранешниот градоначалник на Гази Баба е физички нападнат од две лица поради кавга за куче.

Полициски извори за ТВ24 велат дека тој синоќа додека пешачел во близина на „Ремедика“, во скопкса Железара сретнал две лица кои шетале расно куче, но без поводник и маска. 

Трајковски изреагирал и им кажал дека му е страв, по што  прво започнале вербална расправија, а потоа и физички го нападнале. Тој случајот го пријавил во МВР околу 23.35 часот и кажал дека напаѓачите не ги познава.

Полицијата трага по нив. 

Денешното судење за случајот „ТНТ“ се одложи токму поради здравствената состојба на Трајковски. 

Судијата Огнен Ставрев порача дека утре во 9 часот Трајковски ќе биде стражарно приведен бидејќи добил информации од докторот од Ургентен центар дека е во добра здравствена сосотојба, иако неговиот адвокат Јовица Страшевски вели дека тој треба да оди на хируршка интервенција.

0 Коментари

Остави коментари