Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија

Очигледна е намерата по секоја цена на партијата која е во пропаѓање да обвинува, клевети и жигосува, реагира директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Бара од СДСМ да се извинат за обвинувањата, посочувајќи дека компанија не негова и дека во моментов нема никаква приватна компанија.

„Додека тие зборат за некаков криминал, тие што вистински се тоа, од Дубаи нарачуваат и пишуваат клеветнички прес конференции. Така тоа изгледа кога крадецот вели држете го крадецот. И сакаат да се заборави на златните визи на Филипче, Заев, за Модуларната болница, Соравија, плантажите за марихуана“, се наведува во реакцијата на директорот на СОЗР