Томор Морина излегува од притвор?!

Поранешниот припадник на УЧК, Томор Морина, кој е во притвор во Македонија, утре ќе биде ослободен, со што ќе може да се брани од слобода, пренесува Алсат од адвокатот на Морина, Насер Рауфи.

Томор Морина е уапсен минатата недела, на граничниот премин Блаце, поради распишана потерница од страна на Интерпол. Властите во Србија побараа негова екстрадиција, бидејќи го сомничат за злосторства врз цивили на Косово.