Тодоров за тв 24: Преговорите со Бугарија мора да се деполитизираат, нема договор за клучните прашања

Под мраз преговорите за историските прашања меѓу Македонија и Бугарија. Тв 24 веќе објави  дека нема договор за еден од предлозите поврзани со цар Самоил.

Петар Тодоров, член на македонскиот дел од комисијата за нашата телевизија вели дека офцијална Софија продолжува со силен политички притисок.