„ТНТ“: ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈКОВСКИ НА СУДЕЊЕ ЌЕ ГО ДОНЕСЕ ПОЛИЦИЈА
Foto

„ТНТ“: ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈКОВСКИ НА СУДЕЊЕ ЌЕ ГО ДОНЕСЕ ПОЛИЦИЈА

Поканата за судење на Тони Трајковски остана во чантата на судскиот доставувач. Никој не ја отворил вратата од неговиот дом. Утре ќе го бара полиција и ќе го донсе во судница. Трајковски знаел дека ќе има рочиште, но чекал официјално да биде поканет.

Судијата Огнен Ставрев се разлути поради неговото отсуство како обвинет од рочишта, кое е четврто по ред во последните дваесет дена. Сепак , пропадна денешниот обид да се стартува процесот кој поради оставката на поротничката Лилјана Ивановска Кочковска се враќа одново. На нејзино место доаѓа нова поротничка и уште еден резервен. Истиот судечки состав е назначен и во предметот Монструм, кој денеска почна од почеток но за брзо стигна во истата фаза, адвокатите и обвинетите го прифатија предлогот на судијата Ставрев, сведочењата и доказите формално да се изведат на записник, а не и да се повторува се одново.

Но, се поизвесно е дека овој предлог немад а го прифатат сите обвинети и во случајот со уривањето на КОСМОС. Адвокатот на градежната инспекторка Елисавета Најдовска има и друга идеја.

Судењето за ТНТ почна пред две години и сега повторно е на самиот почеток. За ниту еден од обвинетите нема притвор, единствено Миле Јанакиески е во домашен притвор, одреден за друг случај, процесот 27 април. На унгарскиот азилант Никола Груевски му се суди во отсуство.

0 Коментари

Остави коментари