ТМРО бара промена на Изборниот законик: една изборна единица, отворени листи и без изборен праг
Од партијата оценуваат дека темата за дијаспората претставува, како што велат, одвлекување на вниманието од суштинската потреба за воведување на една изборна единица, која според нив е неопходна за обезбедување поправеден и порелевантен изборен процес.
„Единствената точка за изборниот законик е една изборна единица и ништо друго. Спинот со дијаспората е само одвлекување внимание од јавноста од воведувањето една изборна единица, која овојпат е задолжителна и неопходна за конечно, после три и пол децении државност, да имаме фер и релевантен изборен процес наместо сегашниот Донтов модел, кој е единствен во светот и не ја покажува волјата на гласачите“, изјави претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.

