„Титаник“: Застарува едно од делата за Груевски и Божиновски

Тишина  во судницата за измените во Кривичниот законик. Ниту обвинителката, ниту адвокатите, ниту обвинетите не ги споменаа измените на КЗ со кои застарува делото за злосторничко здружување на Никола Груевски и Кирил Божиновски за изборни нерегуларности.

Адвокатите велат дека судот не може на нивен предлог или по службена должност да констатира застареност на некое кривчно дело на среде судење, туку само по иницијатива на обвинителството. Обвинителката пак, Лиле Стефанова планира за застарувањето на ова дело да се произнесе во завршниот збор. Тогаш според процедурите ќе го повлече обвинението за злосторничкото здружување, а судот застареноста ќе ја констатира во пресудата.

Според  Стефанова судењето за „Титаник“ во секој случај треба да продолжи затоа што на  обивнетите им се суди и за други кривични дела.  „Злосторничко здружување“-делото кое застарува и максималната казна затвор од десет години, со измените е намалена, односно до максимум три години затвор, со што ова дело застарува за Груевски и Божиновски.

Денеска беа сослушани сведоците-ги потврдија своите искази кои веќе ги имаат дадено претходно. Овој предмет се однесува на изборни нерегуларности и му се суди на експремиерот Никола Груевски..

Освен Груевски и Кирил Божиновски, во овој случај обвинети се и Јанакиески, Јанкулоска, Илија Димовски и други. За ова дело по старите казни осудени се Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска како и Мартин Протуѓер. За 14-мина обвинети пак, делото застаре во 2020 година, бидејќи беа ставени во групата припрадници на злосторничкото здружување. Останатите случаи се: ТНТ, Талир, Талир 2, Богатство, Тарифа, Дизајн, Топлик, Титаник2, Тендери, Траекторија, Шпански скали, Тврдина... .