„Тиранската вечера“ со „македонски зачин“
Тиранската вечера со македонски зачин на менито на Еди Рама македонските уставни измени, тргањето на проценти за албанскиот јазик во уставот, но не како уцена за гласовите на Али Ахмети, Арбен Таравари Африм Гаши и Мендух Тачи.
Според информациите од средбата на ТВ 24 Рама не пратил директни пораки, но она за што сите си подале рака е дека Мкаедонија не сме да го испушти возот и Албанија да продолжи сама на тој пат.
Официјално пак и лидерот на партијата дециден дека ЕУ е главен фокус на средбата. Ахмети сепак изјавата ја зачини со порака до Македонците, но и според дел од толкувањата во неговата партија и до дел од лидерите кои сметаат дка без ДУИ е можна влада.
„Иднината на двете земји е во ЕУ. Предизвиците со кои се соочуваат двете земји се заеднички. Оваа фаза е многу тешка“. Уставните измени нема да му наштетат на македонскиот идентитет, туку напротив ќе го зајакнат. Без Албанците нема да ја има Македонија“. - рече Ахмети.
Дека уставните биле на маса, потврдува и лидерот на Алијанса за Албанците. Од партијата на Таравари за ТВ 24 велат не добие конктретни пораки за влегување или излегување од Влада.
ЕУ во фокуоот и на пораките од Тачи.
- Братска средба си посакавме една на друга и на сите Албанци нова година. Зборувавме за нашата заедничка иднина на патот кон Европската унија, а не за нешто поконкретно. Ви благодарам! Среќно!“, рече Тачи.
На масата на Арам недостигаше само Беса, но тие најавија дека Билала кАсами ќе иам тет а тет средба. И додека албанскиот блок е едногасен, вечерата со Рама била протоколарна од ВМРО-ДПМНЕ бараат детали. Детали според информациите се очекува од Ахмети и Ковачевски.
Фотографија од вечерата за единство на Албанците објави и Еди Рама на фејсбук. Последен пат кога лидерите на партиите седна на маса со Еди Рама произлезе т.н тиранска платформа.