Тирана сама ќе трча на патот за ЕУ, Македонија осамена?!

Нема оптимизам за датум во јуни – напротив се пореално е дека Албанија сама ќе го продолжи својот пат кон ЕУ, порачуваат експерите од регионот.

По се поинтензивните пораки од Софија дека ветото кон Македонија останува, очекувањата се во следниот период дури и новата германска влада на Олаф Шолц да ја поддржи Тирана за сама да ги стартува преговорите со ЕУ, вели Марко Кмезиќ од универзитетот во Грац. 

- Мора да се посматра геополитичката ситуација и кризата во Украина, но такви сигнали сега ни доаѓаат од Германија која има нова влада и дека може да дојде до тоа раздвојување на преговорите на Македонија и Албанија. - изјави Марко Кмезиќ Универзитет во Грац.

Експерите бараат ЕУ, особено Франција и Германија да бидат по присутни на Западен Балкан  и критикуваат дека алтернативата не е уште 10 години да се чека во регион кој не е потполно интегриран во ЕУ-  да биде под руски или кинески  влијанија. 

- Сметам дека е ужасно голем проблем - билатералните прашања да го оптеретуваат процесот на пристапување. Хрватска го имаше тоа искуство со Словенија поврзано со Пиранскиот Залив и границата на морето и копното, кој со политички притисок успеа да се надмине но и понатаму не сме го решиле тоа билатерално прашање. Сметам дека политички треба да се инсистира да не смеат барањата да се носат во процесот на преговори. - изјави Иван Новосел куќа на човекови права Загреб.

А од Софија нема сигнали дека наскоро ќе се тргне ветото од македонските преговори. 

- Не би била многу оптимистична. Постои тој прозорец на можности за кој што говориме секогаш, меѓутоа исклучително ќе биде тешко со оглед на ставовите кој што ги имаме во Бугарија и пораките кои ги добивме во изминатите неколку денови од луѓето кои што се околу премиерот не самиот премиер Петков. - изјави Симонида Кацарска ЕПИ.

И додека Скопје се уште не губи надеж за датум во јуни, Тирана е се погласна сама да ги стратува преговорите со ЕУ. Албанскиот премиер Еди Рама беше дури и во официјална посета на Берлкин а пред германскиот канцелар Шолц порача дека трпение ќе имаат само до јуни.