Тинејџерката Меклнтош го подобри светскиот рекорд на 400 метри слободен стил
Нова светска рекордерка на 400 метри слободен стил е 16-годишната канадска пливачка Самер Меклнтош, која најдобриот резултат на сите времиња го исплива на националните квалификации за Светското првенство.
Новиот светски рекорд во оваа дисциплина изнесува 3:56, 08 со што младата Канаѓанка за 32 стотинки го подобри досегашното најдобро време, кое го постави Арни Титмус од Австралија.
Канадската пливачка воедно е светска вицешампионска на 400 метри слободно.