Тимоние: Свесни сме за напорите кои ги направивте на патот кон евроинтеграциите
Foto

Тимоние: Свесни сме за напорите кои ги направивте на патот кон евроинтеграциите

Европската перспектива на земјите од Западен Балкан вклучително и на нашата земја е извесна но за работите да станат појасни мора да се сочека исходот од Европските избори вели амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние.

Сепак како гласноговорник на францускиот претседател Макрон вели не сака да говори за конкретниот датум за отпочнување на преговорите со ЕУ, но успесите кои земјава ги направила нема да останат незабележани додаде Тимоние. 

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи пак вели дека поддршката на амбасадорот Тимоние за нашата земја е очигледна и дека повеќе не е прашање влегувањето на земјата во ЕУ туку прашање е кога. Сепак вели евентуалното давање зелено светло за отпочнување на преговорите би значело консолидација на институциите во земјава. 

Од денеска и официјално почнуваат европските избори, а од нив во голема мера ќе зависи и перспективата и иднината на земјите од Западен Балкан, но и на нашата земја. Дополнителен фактор ќе биде и Извештајот на ЕК чие објавување е наредната недела и тој ќе рефлектира на реформскиот и политички напредок на земјава.

0 Коментари

Остави коментари