Тимоние: Со работа убедете ги француските, но и европските граѓаните зошто треба да бидете дел од ЕУ
Foto

Тимоние: Со работа убедете ги француските, но и европските граѓаните зошто треба да бидете дел од ЕУ

Успесите на земјава се неспорни но преостанува уште работа и реформи кои треба да се спроведат за да ја убедите ЕУ зошто е потребно проширувањето - порачаа амбасадорите на Германија и на Франција Томас Герберих и Кристијан Тимоние на собраниската дебата на Националниот совет за евроинтеграции сублимирајќи ги заклучоците од самитот на министри во Луксембург.

Според Тимоние повеќе не е прашање дали туку кога земјава ќе го добие датумот, но исто така и потенцираше дека останувааат уште реформи кои треба да се направат меѓу кои и законот за СЈО.

За неговиот германски колега пак Герберих свој удел во успесите имаат и власта и опозицијата , и вели оптимист е дека во октомври Бундестагот ќе даде зелено светло за старт на преговорите, бидејќи тоа не значи и директно членство во Унијата. 

Најголемата дискусија во собраниската сала се разви токму по однос на прашањето кога земјата ќе добие датум бидејќи како што посочи претседателот на советот и поранешен министер за надворешни работи Никола Поповски земјава веќе 10 години добива препораки но никако да добие датум за старт на преговорите а најавената меѓувладина седница која треба да биде следната година со ЕУ вели требало и до сега да се случи.

Се осврна и на прашањето дали воопшто е потребно како што рече штанцање на законите со толку забрзано темпо ако притоа ЕУ го пролонгирува овој датум до недоглед. Во дебартата се вклучија и пратениците на опозицијата кои ги прашаа властите зошто дури и неуспесите се обидуваат да ги претстават како успеси, додека пак вицепремиерот Османи посочи оти заслугите не се само на оваа влада туку и на сите претходни. 

Покрај заклучоците од самитот на министри во Луксембург за кои се дискутираше на оваа комисија на Националниот совет за евроинтеграции но и во период кога се повеќе се дискутира дали Македонија и Албанија траба да одат во пакет заедно, денеска и амбасадорите на Германија и Франција потенцираа дека сепак треба да се оди по принципот на поединечно оценување на заслугите на секоја земја.

0 Коментари

Остави коментари