Тилев за 24: ЕУ мора да даде гаранции дека нема ризик од едностраната изјава бугарската формулација на македонскиот јазикот во преговорите

Консултации, анализи и оценки, дали францускиот предлог Макдонија треба да го прифати и што ќе значи тоа за нас како земја.

Дали модифукуваниот предлог е единствената шанса за нас на патот кон преговарчкиот процес и дали е последниот воз за Македонија. Аналитичарите и граѓанските активисти кои ги следат преговорите со различни позиции. Димитар Николовски од Евротинк  за тв 24 вели дека францускиот предлог допрва ќе и создава главоболки на Македонија. 

Од друга страна дел сметаат дека предлогот не е идеален, но во моментов е подобар од претходниот кој и беше понуден на Македонија.

И за експертите  клучното прашање  оставнува јазикот и еднсотараната изјава од Бугарија. Според експертот за преговори, државен советник во СЕП Драган Тилев со едностраната изјава на Бугарија за македонскиот јазик постои ризик, за кој европската унија треба да даде гарнции.

Советот за македонски јазик пак објави дека точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани, отатму  констатираат дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија.

Експерти најавија и дека за конечната позиција клучен е и протоколот и неговата соддржина која стои дека е усогласена во предлог заклучоците, но содржината се уште не е објавена.