ТФТ поразен од Горица (83:64) на почетокот на последниот „Балон“ од АБА 2
Кошаркарите наТФТ Моцарт со пораз од Горица, 83:64 попладнево го отворија последниот балон во АБА 2 лигата, кој од денеска стартува во Широки Бријег.
Македонскиот претставник го запиша осмиот пораз во регионалното натпреварување и се помали се шансите да биде дел од плеј-офот.
Тимот од Тафталиџе одигра катастрофална втора четвртина, во кој постигна само девет поени, а на полувремето имаше негатива од 18 (50-32). Се обидоа да ја корегираат играта избраниците на Боро Смилковски во продолжението, но не и да најдат начин за комплетно да се вратат резултатски.
Батрик со 14 и костоски со 12 поени беа најефикасни во редовите на ТФТ. Следниот меч ТФТ го игра в среда против Борац. Вториот наш претставник, Пелистер утре.