Тетовци наместо елка добија билборд со информација за долгот на општина Тетово од над 24 милиони евра
Тетово предновогодишно украсено со бројки - наместо елка градоначалникот Билал Касами го накити градот со билборд на кој го објави долгот кој го наследила општината од претходната градоначалничка Теута Арифи.
Над 24 милиони евра долг му оставила Арифи на Касами, а тој како што вети ја објави поразителната бројка на зелениот пазар во Тетово.
Денеска иако се обидовме да добиеме детали околу долгот од кабинетот на Касами, не беа достапни. На неговата последна прес конференција детално објасни каде се е должна општината.
Бидејќи општината нема средства, Тетово нема да биде украсено за Нова Година, кажа Касами, па тетовци неместо елка добија билборд со долг од над 24 милиони евра. Дел од нив сметаат дека сепак треба да се почувствува празничната еуфорија и Тетово да блесне предновогодишно.
Пред четири години општината исто така беше во долг кој изнесуваше 15 миниони евра, но Владата отплати половина, односно 7.5 милиони евра. Во последниот мандат на Арифи, односно за четири години направен е нов долг од 14 милиони евра.