Тешка сообраќајна несреќа, едно лице загина
Foto

Тешка сообраќајна несреќа, едно лице загина

Во сообраќајна несреќа синоќа околу 23 часот на патот Тетово-месност Бањиче, животот го загуби 44-годишна жена од Тетово, а повредени се уште три лица.  Сообраќајката се случила кога патничко возила марка мерцедес со тетовски таблички што го управувал Ш. Г (32) од Лисец кај бетонскиот мост на патот изгубило контрола, излетало од коловозот и паднало во река.

-На самото место на несреќата М.К (44) од Тетово поради тешките телесни повреди починала. Тешки телесни повреди добила сопатничката Ш.К (19) од Тетово, додека сопатникот Е.Б (34) од Гостивар и возачот добиле телесни повреди. Сите се однесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

 

На местото увид извршиле претставници на Основното јавно обвинителство од Тетово како и стручни служби при СВР Тетово. По наредба на обвинител, телото на почината е пренесено во Клиничка болница Тетово.

0 Коментари

Остави коментари