Тешка сообраќајка на излезот од Битола за Прилеп, еден загинат и дваесетмина повредени

Во  тешката  сообраќајна несреќа што попладнево се случи на излезот од Битола за Прилеп, според загина едно лице, а дваесетмина се повредени од кои тројца потешко.

Првичните информации од тешката сообраќајна несреќа се дека до несреќата дошло кога патничко моторно возило со голема брзина удрило во комбе кое превезувало работници од фабриката “Кромберг и Шуберт”.

На самото место загинал возачот на патничкото возило, а повредени се работниците што биле во комбето. Од нив, тројца се здобиле со потешки повреди, а останатите се здобиле со полесни повреди.

Од Клиничката болница во Битола потврдија дека има 20 повредени лица кои поминале низ Ургентниот центар на установата, сите со телесни повреди.

„Тринаесет се препратени на Одделението за ортопедија, добро третирани, едниот е упатенен на Неврохирургија, а другите на домашно лелкување. Нема хопспитализирани на Одделението за ортопедија. На Неврохирургија се 4 повредени пациенти, се чекаат резултати од направената компјутерска снимка и не знаеме дали ќе бидат натаму хопспитализирани.Тројца се на Одделението за хирургија и за нив се чекаат резултати од компјутер“, рече Елизабета Ивановска, директорка на Битолската болница.