Терминатор 2: Судниот ден
Во 1995 година во Лос Анџелес, мајката на Џон Конор Сара е затворена во државната болница Пескадеро поради нејзините насилни напори да го спречи „Судниот ден“ - пророкуваните настани од 29 август 1997 година, кога Скајнет ќе стане свесен за да поттикне нуклеарен холокауст. Џон, е сместен во згружувачко семејство и смета дека верувањата на Сара се бесмислени и ја смета за луда. Терминаторот Т-1000 е пратен од Скајнет од иднината и го лоцира Џон во трговски центар. Истовремено Терминаторот Т-800 го спасува Џон. Сфаќајќи дека Т-800 е програмиран да го слуша, Џон му забранува да убива луѓе и му наредува да ја спаси Сара од Т-1000 и да го најдат главниот програмер на Скајнет кај кого е раката од првиот Терминатор.