Тепачка во автобус на ЈСП во Кисела Вода

Вечерва се случил инцидент во автобус со број 51 на ЈСП, во кој според повеќе медиуми избила групна тепачка меѓу патници.

Дел од медиумите пренесоа дека неколкумина се повредени во тепачката, а неофицијалните информации од терен говорат дека нападната била и новинарска екипа. Околу автобусот, кој стоеше на коловозна лента пред споменикот на Тодор Александров, собрани беа неколку десетици млади млади луѓе, а на местото пристигна и тим на интервентната полиција.

Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје во 20 часот се примени две лица со повреди од остар предмет во пределот на шаката. Едно лице е препратено на Скопските клиники, а едно е пуштено на домашно лекување,