Тензии во Судски судски свет: „Личните нетрпеливости оставете си ги пред врата

Нови кавги избија во Судскиот совет. Претседателката Весна Дамева и членот Лорета Горгиева се скараа оти Дамева укажа дека треба да се постапува ажурно, а претставките од граѓаните да не чекаат по два месеци за одговор. Горгиева реагираше бурно оти претседателката и пререче, а се надоврза и членот Селим Адеми кој се обиде да ја оправда Горгиева. Прва започна Дамева која праша дали претставката која Горгиева ја презентира е нова и од кога се постапува. Потоа следуваше првата реакција.