Тензии на северот на Косово
Foto

Тензии на северот на Косово

Во Косовска Митровица се огласија сирените за опасност, во време на акција на единиците на косовската полиција, која соопшти дека станува збор за „спречување на нелегални активности“.

Состојбата беше напната на мостот над Ибар во општина Звечан, каде што косовската полиција се обидуваше да помине кон центарот на градот, а граѓаните ги спречуваа. Полицијата употребила солзавец за да ја растера толпата, а се  се слушнале и шок бомби. Според српските медиуми, десетина Срби се повредени, од кои еден потешко кој е пренесен на интензивна нега. По денешната акција на косовската полиција на четири локации во косово, премиерот Албин Курти рече дека акцијата е во насока на спречување на нелегални активности, додавајќи дека нема да се толерираат криминалци и криминални групи...

„Денешната полициска акција заврши. Ги повикувам граѓаните во северната општина Митровица да не бидат жртви на некои медиуми во Србија кои го штитат криминалот, корупцијата и шверцот и сакаат да го политизираат и етнизираат.“ - изјави Албин Курти премиер на Косово.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ ја повика меѓународната заедница, КФОР и НАТО итно да реагираат. 

„Ја повикувам меѓународната заедница, НАТО и Кфор итно да реагираат и да го запрат Албин Курти. Ситуацијата е повеќе од драматична и ова е последен момент во кој е неопходна јасна реакција како би се запрела лудата политика што ја спроведува Приштина.“ - изјави Ана Брнабиќ премиерка на Србија. 

На итен состанок со Србите во Косово е и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Високиот претставник на Европската унија  за надворешни работи и безбедносна политика  Жозеп Борел повика на итен прекин на насилствата и на едностраните потези на северот од Косово.

0 Коментари

Остави коментари