Тензично во Белград - полицијата со солзавец не успева да ги растера демонстрантите
Foto

Тензично во Белград - полицијата со солзавец не успева да ги растера демонстрантите

Два часа траат судите меѓу полицијата и демонстрантите во Белград. полицијата со солзавец не успева да ги растера демонстрантите кои се повлекуваат и повторно се судираат со полицијата. Најтензично е на неколку локации каде на полицијата напомош и дојде и коњаницата.

Дел од демонстрантите успеаја и да влезат во Собранието, но брзо беа истуркани од холот, по што груупа на демонстранти повторно се судрија со кордонот полиција на скалите.

Демонстрантите пред камерите велат дека се лути на Вучиќ што ги излажа дека државата е лидер во мал број на заболени и умрени од коронавирусот, укинувајќи ги сите мерки пред изборите на кои неговата Српска напредна партија однесе апсолутна победа.

Веднаш по денот на изборите бројките на новозаразени и починати се зголемија, а денеска Вучиќ најави и строги мерки со полициски час поради рапидното зголемување на бројот за заразени со коронавирус. Тој најави дека полицискиот час ќе започне во петок и ќе трае до понеделник веднаш по неговата најава за воведувањето на полицискиот час. Народот започна да се собира во 20.30 и протестот набрзо ескалира пред Собранието, каде полицијата се судир со топлата која сакаше да влезе во холот на зградата.

Ситуацијата ескалираше околу 22.30 часот кога протестот од мирен премина во брутален судир, при што за кратко време беа употребени солзавци.

Пред Собранието се повредени повеќе полицајци кои беа погодени со солзавците, а нападнат е и снимател на РТС и новинар на Тањуг.

Foto

0 Коментари

Остави коментари