Тензично во Бејрут
Foto

Тензично во Бејрут

Либанските безбедносни сили испалиле солзавец кон антивладините демонстранти во Бејрут, кој се собрале вчера да протестираат, а биле лути на власта поради страшната експлозија во која настрадаа над 150 лица.

Либанските државни медиуми пренесуваат дека неколку лица се повредени во текот на протестот во близина на зградата на парламентот. Медиумите објавија и дека револтот кај граѓаните е и поради писмо од еклсперт кое во 2017 година било испратено до властите како предупредување дека поради хемиските суптанци во складиштето може да настане експлозија, но тие не реагирале.

Трагедијата беше поттик и либанската амбасадорка во јордан во четвртокот да си си поднесува оставка, изјавувајќи дека „целосното небрежност“ на владата на таа земја укажува на потребата за промена на раководството.

Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, го посети главниот град и истакна дека во Либан е потребно да се видат длабоки промени од власта.

Тој повика и на меѓународна истрага за катастрофата. ОН пак бара независна истрага за експлозијата.

0 Коментари

Остави коментари