Тензично во Бања Лука, антивладини протести на улиците
Foto

Тензично во Бања Лука, антивладини протести на улиците

Во Бања Лука се уште е тензично по синоќешните протести во центарот на градот. Бруталниот однос на полицијата на Република Српска кон граѓаните, пријателите и семејството на Давид, момчето кое под се уште не разјаснети околности во март годинава беше пронајдено мртво, ја разбранува балканската јавност. Најбрутално беа уапсени и неговите родители кои заедно со останатите се спротивставија на полицијата да го растури т.н. Плоштад на Давид. Неговиот татко, Давор Драгичевиќ, денеска е пуштен на слобода, но тој вети дека и денеска во 18 часот ќе биде на плоштадот во Бања Лука.

„Ќе поднесам кривични пријави против сите. Јас и вечерва ќе бидам на плоштадот и не ми паѓа на памет да го препуштам своето дете на злосторници и убијци. Мојот Давид ќе добие правда.“ - изјави Давор Драгичевиќ-татко на Давид.

Полицијата првично соопшти дека е самоубиство, но семејството на момчето и членовите на движењето „Правда за Давид“ сметаат дека тој бил убиен. Протетстите, кои започнаа во март, откако беше пронајдено неговото тело, преминаа во масовни со барање за оставки на владата на Република Српска. Тие се одржуваат секој ден на плоштадот во Бања Лука и стануваат се пожестоки и покрај нивната долготрајност.

0 Коментари

Остави коментари