Тензично со плач и реакции за високите затворски казни за убиството на Тот
Тензично со плач и реакции за високите затворски казни - обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот ги слушнаа пресудите.
Анџело Ѓорѓиевски и Климентина Левковска добија 18 години затворска казна, а Андреј Костовски 16.
Судот им го продолжи притворот до правосилноста на пресудата, поради опасност од бегство.
Одбраната најави жалби за како што рекоа драконските казни.