Тензични протести пред владата и Собранието

Тензично пред Владата и Собранието. Вечерва се одржа протест под мотото „УЛТИМАТУМ - Не благодарам“, преку кој се бара да се отфрли францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и деблокада на интеграциите на државава во Европската унија.

Дел од учесниците на протестот фрлаа јајца, шишиња, цвеќе,кон владината зграда и законодавниот дом, а откако ја поминаа заштитната ограда на Владата се стационираа пред кордонот полицајци. Скандираат „Оставка“ и пеат патриотски песни.

Граѓаните гневни кажаа не за францускиот предлог. 

Еден од граѓаните го запали и го газеше на Европската Унија. Ова беше трет најтензичен ден од протестите против францускиот предлог за решавање на проблемот со Бугарија и почетокот на преговорите со Европската Унија