Тендерот на Евн Хоум продолжен до 9 декември
Foto

Тендерот на Евн Хоум продолжен до 9 декември

Струјата поскапува, но колку никој официјално се уште не открива. ЕВН Хоум повторно го продолжува рокот на тендерот за електрична енергија која треба од Нова година да ја добиваат домаќинствата.

Понуди ЕВН ќе чека до 9 декември. Оттаму велат по трет пат се одлага на барање на ЕСМ.

ЕСМ во понеделникот до Влада ги испрати првите пресметки – но Владата се уште не донела одлука по која цена државните електрани ќе ја продаваат струјата на Универзалниот снабдувач. Од државната компанија денеска велат се уште работат на формирање на цената и колкави количини на електрична енергија ќе успеат да обезбедат бидејќи во игра, велат се повеќе фактори.

„ЕСМ сега повторно го прилагодува производниот и финансискиот план за 2022 за некако да покријат 100% од потребите на домаќинствата по разумна цена, иако законот предвидува дека тоа може да биде само 60% а другиот дел од своето производство да го продаваат по пазарна цена на ЕВН за дополнување на количините за домаќинствата или пак на берза.“ - ЕСМ.

Инаку, крајната цена на домакинствата се формира или зависи од производната цена на Електрани, од МЕПСО И МЕМО, увоз и обновливи извори на енергија. Врз основа на овие влезни трошоци регулаторот формира крајна цена за домакинства. ЕВН сеуште не може да побара корекција на цената, затоа што не знае колкава ќе биде цената од државните компании ЕСМ и МЕПСО. Исто така се очекува да се види и колку струја ќе произведе ЕСМ, а колку ќе треба да се увезе. Имајќи во вид дека прозиводството на струја од електрани е значително ниско, остатокот ќе мора да се увезе, каде цената на берзите е над 200 ерва за мегават час.

Се поизвесно е дека граѓаните по Нова година ќе плаќаат повисоки сметки за струја. Според ВМРО-ДПМНЕ поскапувањето е резултат на криминалот и корупцијата. 

Телевизија 24 веќе објави дека неофицијално производната цена на струјата на ЕСМ кон универзалниот снабдувач, која е еден од главните критериуми за формирање на цената за домаќинствата, од сегашните 36 евра, ќе порасне на 45 евра за мегават - час, што е зголемување од околу 20 отсто. Уште едно од прашањата кое се отвара – а од кое исто така зависи крајната цена е дали ЕСМ ќе успее да обезбеди 100 проценти од потребите на ЕВН или само 60 колку што се обврзани.

0 Коментари

Остави коментари