Тендер од 500 000 евра за привремени вработувања

Општина „Бутел“ годинава планира да потроши 470.000 евра за привремено да ангажира нови над 80 работници. Колку точно, не знае ниту градоначалникот Велимир Смилевски - ќе се ангажирале според потребите на општината. Во телефонски разговор за Телевизија 24 вели дека луѓето му требаат за годинава конечно да се реши од ѓубрето во општината.

До сега ваква голема набавка на привремен кадар за толкава сума речиси и да нема во ниту една друга општина. А толку не трошат ниту другите државни институции ниту Владата.

„Не значи дека ќе ја потрошиме целата сума, се зависи од потребите. Ова лето планирам на улица да имам минимум 70 метлари и хигиеничари, кои до сега беа 35. До сега имавме 6 редари, планирам 10. Немавме возачи на комбиња, сега имаме тројца и плус еден возач на багер. Планираме да ги вратиме месните заедници, ги има 8, што значи требаат нови 8 луѓе. Само за да се исчисти општината требаат минимум 70-80 луѓе на улица. Официјално порано сме имале само 1 вработен хигиеничар, затоа бевме валкани.- вели Велимир Смилевски, градоначалник на Општина Бутел.

Податоците покажуваат дека општина Бутел пример во 2016 година трошела по околу 30.000 евра годишно за привремени вработувања, но сумата драстично расте лани и годинава. Така ланската набавка изнесувал 280.000 евра, за годинава речиси да се дуплира на 470.000 евра.

Смилевски вели дека набавката е планирана со буџетот за годинава, и не може да се смета за предизборни вработувања. Општината има трајно вработени 53 лица, што според градоначалникот била премала бројка за општина со толкава територија.

„Само ние и Шутка можеме да имаме општини со 50-тина вработени. Комунална Хигиена чисти само дел од улиците на општината, останатото е на наш товар“- вели Смилевски.

Инаку податоците покажуваат дека просечно општините за привремени вработувања трошат по околу 30 до 50.000 илјади евра годишно. Центар лани имал набавка на услуги од агенција за привремени вработувања вредна околу 30.000 евра. Но повеќе привремен кадар имаат пример Карпош каде лани набавката изнесувала речсии 90.000 евра, потоа Кисела Вода со 290.000 евра...

Владата има во просек по околу 160.000 евра, а министерства и други институции се далеку под сумата која планира да ја потроши Бутел за годинава оваа сума. Убедливо најмногу привремени вработувања има во Јавнитеи државните претпријатија во земјава. Скопската „Комунална Хигиена“ е рекордер и лани само за оваа намена потрошила речиси 1,9 милиони евра. А токму ваквите вработувања се најспорни и за експертите. Од привремени вработувања најчесто преку партија тие стануваат трајни, со што о година во година бројот на административци расте.