Тендер од 27 милиони евра - ЈСП ќе набавува гориво од “Пуцко петрол“

Јавното сообраќајно претпријатие склучи договор тежок 27 милиони евра за набавка на дизел гориво за наредните две години од компанијата Пуцко Петрол.

Во договорот стои дека 14,5 милиони тони дизел гориво ЈСП ги набавува по цена од 100 денари за литар плус ДДВ или вкупно 118 денари за литар. Цената пак на дизел горивото на бензинските пумпи во моментов изнесува 86,5 денари за литар, или е за 31,5 денари пониска од таа која стои на договорот.

Советнците од Град Сопје излегоа со жестоки обвинувања за тендерот. Тие од СДСМ бараат одговорност од Управниот одбор на ЈСП каде членувале активисти на ВМРО-ДПМНЕ. 

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвинија дека директорот на ЈСП кој го потпишал тендерот од 27 милиони евра е кадар на СДСМ, поставен од Арсовска.

- Директорот на ЈСП е кадар на СДС. За тоа сведочат и фотографиите на Александар Стојковски во штабот на СДС. Стојковски е кадар на Ковачевски и Зечевиќ назначен од Арсовска. Тоа е тајната коалиција СДС - Арсовска. Кадарот на СДС Стојковски го потпиша тендерот од 27 милиони евра. - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Директот пак на ЈСП Александар Стојковски за ТВ 24 не сакаше да даде изјава и објаснувања за тендерот вреден 27 милиони евра. Преку порака кусо демантираше дека ЈСП ќе плажа 118 денари за литар дизел.

- Невистина е дека ЈСП Скопје за литар гориво плажа 100 денари плус ДДВ. Во договорот е јасно прецизирано дека цената се утврдува  колку што изнесува истата на дневно ниво определена од  РКЕ.- изјави Стојковски.

За тендерот се заинтересира и  Антикорупциска. Велат на седница ќе одлучуваат дали ќе отворат предмет за овој случај.

Објаснувања за тендерот директорот на ЈСП Стојковски најави за наредните денови. Остануваат многу отворени прашања - меѓукои и тоа  зошто набавката е склучена за две години во услови на енергетска криза кога никој не може да предвиди како ќе се движат цените на горивата.