Темни булевари во општина Карпош
Мрак на еден од главните булевари во Општина Карпош “Осми Септември”. Уличните светла не работат повеќе од две недели. ТВ 24 на терен.
Ги прашавме граѓаните за ваквата слика, велат тешко е да се живее во мрак според нив оваа појава е честа и бараат одговорност од надлежните, бидејќи како што велат плаќаат за улично осветлување кое не го добиваат во овој дел од градот.
“ Тоа е катастрофално мислам воопшто нема светло, луѓе може да се случи да удри некој да помине да не го видат. Светло да нема срамота е ова. Нека дојдат да поправат нешто да направат, што сега само седиме и ништо не правиме.“
“ Еве сега забележав дека не е осветлено и во Карпош четири не е нешто осветлено.”
“ Не е во ред да нема, треба да има.”
Од Општина Карпош апелираат град Скопје што поскоро да го реши проблемот со уличното осветлување на градските булевари, за кои се надлежни, со оглед на фактор дека тие имаат систем на кои може да видат кој булевар и колку време е во дефект.
„Ние не сме надлежни за уличното ослетлување тое е во надлежност на Град Скопје, тие имаат систем на кој може да видат кој булевар и колку време е во дефект.“ - Општина Карпош.
Став побаравме од град Скопје и на нивната официјална страна и на телефон, меѓутоа досега од таму одговор нема.
Проблемот со уличното осветлување не е само во скопската Општина “Карпош” на делницата “Осми Септември”. Лоцирани сме на средно Водно од каде што може да се види и во дел од некој населби од скопските општини се живее во тотален мрак.