Темелковски за ТВ 24: Сите ги делиме истите барања за подобрување на стандардот кај студентите

Претседателот на студентското Собрание на УКИМ Славчо Темелковски во емисијата 24 анализа рече дека утре е меѓународен ден на студентите и за таа цел како што е пракса насекаде и од оваа година кај нас ќе премине во традиција каде студентите ќе маршираат.

- Барањата се јасни и поради тоа се обединивме. Сите ги делиме истите ставови, подобрување на стандардот, дигитализацијата, подигнување на квалитетот на образованието, спроведување на законот за студентски оброк, изнедначување на стипендиите и утре ќе маршираме. - вели Темелковски.