Темелковски за „Студио 10“: Итно подобрување на условите на студентите
Целта на студентскиот марш е студентите да ги искажат своите барања и ставови јасно и гласно пред институциите. Ваквата пракса и овој студентски марш би сакале да биде иницијална точка која ќе премине во традиција што ќе се применува во наредните години и генерации по нас“, вели за „Студио 10“, Славчо Темелковски, претседател на УСС при УКИМ.
Темелковски потенцираше и аплеираше во најбрзо време да се постават конкретни рокови по однос и на прашањата за условите во студентските домови,
- Најприоритетно е барањето за подобрување на хигиената во студенсткиот дом „Стив Наумов“, едниот блок од студенскиот блок „Пелагонија“ и изземањето од антикризните мерки.
Очекуваме конкретни датуми до кога ќе се санираат тоалетите во два студенски дома, притоа и конкретни датуми во однос на инфраструктурата и енергетската ефикасност во самите студентски домови, начинот на кој ќе се реализира исхраната во домовите и други поврзани прашања“, додава тој.