Тема на ТВ 24 (зло) употреба на државни ресурси за партиски агенди – ДКСК со препораки до политичките „играчи“
Политичарите одамна не го чекаат официјалниот старт на изборната кампања за да ги активираат партиските машинерии за теренско агитирање и освојување на симпатиите на неопределените гласачи. Кандидатите за претседатели и претендентите за следната извршна власт, како и функционерите во техничката влада во друштво со партиските лидери и останати членови од партијата се почесто може да се забележат на средби со граѓаните и бизнис заедницата, и тоа во работно време. ТВ 24 и пред овие избори го отвора прашањето, колку е тешко да се откријат и докажат злоупотреби од ваков тип. За антикорупционерите ова е редовна појава пред избори, но во земјава недостасуваат механизми за контрола.
„Сето тоа е во работно време, и се прави со ресурсите од институциите кое што е изрично забрането со закон, значи тоа така не треба да биде. Меѓутоа ние имаме недостаток на механизми за контрола, и имаме недостаток на систем кој ќе овозможи доволно аргументи за да се занкционира таквото однесување“, вели Слаѓана Тасева почесен претседател на Транспаренски интернешнл.
Во последниве десетина дена, само од владата до медиумите пристигнаа покани за настани на техничкиот премиер Талат Џафери каде што тој промовираше проекти како реновирање на градинка во Чаир, средба со граѓани во Арачиново каде се промовира мкодернизирање на училиште, посета на Национале парк Шар Планина. Од владата велат дека овие активности на техничкиот премиер Џафери се дел од неговата агенда за работа.
„Посетата на премиерот Џафери во детската градинка „Фидани 3“ е во склоп на редовните дневни активности“, велат од Владата.
Од користење на службени возила и возач за присуство на партиски трибини, до узурпација на цели државни институции да работат за одредена политичка партија во предизборие. Неказливоста е главната причина што ваквите злоупотреби никако да се искоренат, велат експертите.
„Еден градоначалник ни испрати многу гордо, документи и фактури дека се е платено за тоа што било нарачано од политичката партија да се купи за партијата. И самикот градоначалник не бил свесен дека со тоа прави кривично дело, и не извести дека секако дека тој купил со пари од општината на граѓаните. Нашата кривична пријава која ја доставивме до јавното обвинителство против одговорниот во тој изборен штаб беше оптфрлена со образложение дека партијата ги надоместила тие средства“, вели Слаѓана Тасева почесен претседател на Транспаренски интернешнл.
Информациите до кои дојдовме велат дека се континуирано се зголемува бројот на граѓани кои јавно или анонимно пријавуваат злоупотреба на државни средства за приватни или партиски потреби во антикорупциската комисија.
И покрај редовната констатација од страна на невладиниот сектор и антикорупциските комисии за злоупотреби на државцни средства за партиски цели од страна на политичките елити, конкретно во предизборието – истражните органи засега немаат изречено ниту една пресуда за ваков тип на прекршување на законските правила.
Од новиот состав на Државната комисиоја за спречуивање на корупцијата стаса допис во кој се наведуваат правилата за игра на политичките партии во предизборието. Меѓу нив се и забрана за најава на нови инвестиции и вонредни исплати, забрана за анонимни извори на финансирање на избори, не е дозволено поткупување на избирачи, вршење поткуп и заплашување на избирачи.