Тема на тв 24: Ветингот во дипломатските редови почна - кој ќе го „преживее“?
Foto

Тема на тв 24: Ветингот во дипломатските редови почна - кој ќе го „преживее“?

Дипломатска метла го чисти угледот на министерството за надворешни работи. Дали Османи е во невозможна мисија или прави неопходна промена. Какви луѓе се лице на државата во странство и кој во куќата на дипломатите ќе ја „преживее“ чистката. 

По големиот скандал со уапсениот дипломат Миленковски, поранешни амбасадори порачуваат дека прочистувањето во МНР е неопходно за да се обели образот на професионалците кои чесно си ја вршат работата и достоинствено ја претставуваат земјата во странство. 

„Во изминатите години секој министер имаше за цел одредени резултати во рамките на надворешната политика и се чини како да беше во втор план ставено функционирањето, односно дејствувањето на самата институција, овде кај нас во Македонија. Овој скандал фрли една голема дамка врз министерството за надворешни работи, но и голема дамка на државата пред нашите партнери од Европската Унија и од светот. Сето ова префрлање на вината помеѓу различни институции или носители на одговорност во различни временски периоди, зборува за една некоординираност меѓу нашите владини институцуии и некоординираност и недоволен континуитет на активностите внатре во МНР.“ - Васко Наумовски поранешен вицепремиер.

Екс вицепремиерот и амбасадор Наумовски вели дека е жално тоа што Македонија изминатата деценија е сведок на повеќе скандали и во дипломатско конзуларните претставништва, но и внатре во министерството за надворешни работи. Последниот скандал ја прелеа чашата, а според екс дипломатите несфатливо е и тоа како во процесот на зајакнување на македонската мисија во ОБСЕ, во време кога земјата се подготвува да претседава на светско ниво, се испраќаат дипломати од таков калибар.

- Се нарушува имиџот на министерството, воопшто за државата, но немам доволно податоци. Ние имавме и други скандали – дипломатски од многу други земји, но ништо не дознавме. Едноставно не можам да го коментирам. Дека е штета, е штета. Дека нанесува полош углед, да. Но каде е вистината и да обвинам некого, не можам. - вели Ѓорги Филипов. 

Од Советот на амбасадори, велат дека допрва ќе градат став во однос на ветингот во МНР и за случајот со уапсениот Миленковски. Вчера министерот Османи објави дека двајца дипломати ќе добијат отказ, поради безбедносни сертификат. Сепак за скандалот со меѓународни димензии и илегалниот пренос на ерменски бизнисмен, никој не презема одгговорност.

0 Коментари

Остави коментари