Тема на ТВ 24: Тендери што ги доби фирма донатор на ДУИ пред антикорупционерите

Тендерското досие на тетовската фирма „Арберија дизајн“ под лупа на антикорупциска комисија. Како што дознава ТВ 24, ќе се разгледуваат јавните набавки во која фирмата се јавува како економски оператор со најповолни понуди. 

ТВ 24 преку алатката „Отворени финансии“ ги провери трансакциите на фирмата. Само минатата година, државните институции, за 196 трансакции на сметката од фирмата „Арбериа дизајн“ префрлиле скоро 1.3 милиони евра, додека годинава заклучно овој месец институциите префрлиле над 267 илјади евра за вкупно 69 трансакции. 

Најчести институции кои префрлале пари на контото на фирмата „Арбериа дизајн“ се раководени од кадри на ДУИ , како што се Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, Министерство за образование и наука, МНР, како и Државниот универзитет во тетово. 

Поранешниот антикорупционер, Ариф Муса смета дека најголем дел од јавните набавки се извор на корупција и дека најчесто тендерските постапки однапред се договорењни со фирмите и политичарите. 

Токму оваа фирма е добитник на тендерот за свидителствата како и за рамковната прослава на плоштадот Скендербег. Само тендерот за свиедителствата тежи над 130 илјади евра, а додека за рамковната прослава 100.000 евра. За форумот Преспа на фирмата и биле префрлени 46 илјади евра, а додека речиси 90 илјади евра МОН им исплатило на Арбериа дизајн за превод, лектура, графика на уебници за основно и средно образование. 

Арбериа дизајн, во една година се јавува како значаен донатор во партијата ДУИ.