Тема на ТВ 24: Нов закон за плати во администрација, жестоки реакции од синдикатите
(4) Доколку не се обезбедени средства во буџетите на работодавачите од јавниот сектор за исплата на дополнителните компоненти на плата кои се веќе утврдени и/или за надоместоците на плата, истите ќе се исплатат во следната фискална година.
Ова е само дел од предлог законост за уредување на платите во јавниот сектор. Со нацрт решението со кое владата најавува дека ќе стави ред во вистината на платите ќе се направи дополнителен хаос реагираат дел од синдикатите. За нив се спорени повеќе работи.
Тоа што е критично во овој предлог закон за дел од синдикалците е и Членот 20, став 3 и 4 во кои се утврдува. Коефициент на максимални плати и коефициент на корекција. Со овој дел од зкаонот ќе с еостави моќност за кратење на плати во јавен сектор во воена вонредна или кризна состојба.
Член 20
(3) Коефициентите од ставот (1) на овој член Владата ги утврдува на предлог на Министерството за финансии врз основа на стратешките приоритетите за наредната година
(4) Собранието на Република Северна Македонија на предлог на Владата на Република Северна Македонија заедно со одлуката од ставот (1) на овој член утврдува и еден или повеќе коефициенти на/за корекција на платите кај работодавачите од јавниот сектор, а кој ќе се користи во случај кога со одлука согласно закон е прогласена воена, вонредна или кризна состојба.
И синдикатот за култура стравува дека со новиот вака предлоѓениот зкаон ќе се предизвика намалување на платите преку супендуирање на колективните договори .
Од ССМ бараат повлекување на нацрт закон со став дека е неуставен.
„Во нацрт- законот уредено е дека исплатата на дополнителната компонента на платата и надоместоците на плата зависи од тоа дали се предвидени средства во буџетот и на тој начин индиректно ќе се врши намалување на платите на вработените во дејностите каде што се исплаќа истата во овој момент“ -велат од ССМ .
Од Министерството за информатичко општество за ТВ 24 одговорија дека целта на новиот закон е воспоставување на единствен систем на пресметка на плати во јавниот сектор.
„Пресметката и исплатата на платите во институциите од јавниот сектор моментално се врши врз основа на посебни закони и колективни договори, а во некои институции и со правилници - спротивно на начелата и одредбите од Уставот. За таа цел направивме драфт верзија на Законот кој треба да се консултира со сите засегнати страни.“ - вели министерот за информатичко општество, Адмирим Алити.
Владата измнатиот период најави дека ќе донесе нов закон за плати во јавен секотор со цел - за исти позиции да се даваат исти плати, без разлика на институцијата.
Во нацрт верзијата се вели дека највисоката плата во државата требда да биде онаа на престдателот, кој сега изнесува 1.500 евра.