Телото на Навални предадено на неговата мајка

Телото на Алексеј Навални и е предадено на неговата мајка, потврди портпаролката на рускиот опозициски лидер.

Портпаролката на Навални, жесток противник на рускиот претседател Путин, кој почина во затвор минатата недела, рече дека допрва треба да се утврди како ќе биде погребан.

Веста доаѓа откако на мајката, наводно, претходно и било кажано да се согласи на „таен“ погреб, во спротивно Навални ќе биде погребан во затворската колонија каде што починал.

Портпаролката на Навални во објава на социјалната мрежа Икс им се заблагодари на сите кои побарале да се врати телото на опозиционерот.