Телевизија 24 е супербренд на Македонија за 2017/2018
Foto

Телевизија 24 е супербренд на Македонија за 2017/2018

Најистакнатите и најквалитетни македонски брендови и поединци, вчеравечер на свечена церемонија по четврти пат во беа одликувани со статусот „Супербрендс“. Добивањето на овој статус од страна на најголемиот незсависен арбитар за брендирање во светот, за добитниците значи зајакнување на позицијата на брендот на пазарот, и подигање на уште едно ниво повисоко од конкуренцијата. Телевизија 24 годинава за прв пат е прогласена за Супербренд на Македонија, исполнувајќи ги 4те основни критериуми неопходни за здобивање на статусот, а тоа се: квалитетот, финансиската стабилност, постојаниот раст и емоционалната поврзаност со конзументите т.е. гледачите.

За добитниците на признанијата одлучува стручиот совет на „Супербрендс“ составен од експерти и еминентни индивидуалци од светот на брендирање, рекламирање, маркетинг, дизајн, и други...но, гласот го дава и јавноста преку официјалната веб страна на Супербрендс. Меѓу наградените се најдоа и голем број на брендови кои долги години се успешно дел од нашето секојдневие во Македонија, меѓу кои за супер брендови беа прогласени и Весна Гиновска Илкова како личност со особен придонес во културата и музиката, и градот Крушево како една од најубавите македонски туристички дестинации.

Добитниците на Супербрендс статусот, јавноста може да ги препознае по наградниот знако кој го употребуваат како симбол на нивните маркетинг и рекламни материјали или веб страници. Истражувањата велат дека консументите најчесто даваат предност на супербрендовите, што е уште една потврда дека признанијата им обезбедуваат значајна конкурентска предност.

0 Коментари

Остави коментари