Телефонските линии и веб страницата за лични документи се уште во крах

Телефонските линии и веб страницата за закажување на лични документи се уште во крах и денеска продолжува сагата на поголем дел од македонските граѓани кои се обидуваат да воспостават контакт и да договорат термин за сликање и вадење на лични документи.

Сепак од МВР ги отфрлаат обвинувањата дека ресорното министерство потфрлило во своето работење и според последните податоци велат постигната е бројката од 1 милион 734.000 обрасци за патни исправи, а до крај на летото, односно крај на август да финишира целиот процес.