Телефонските измами за изнудување пари повторно зачестија во Охрид

Повторно зачестија тeлeфонските измами во Охрид.Засега непознати лица, преку  јавувања најчесто на фиксен телефон лак повозрасни граѓано се обидуваат да ги измамат претставувајќи се како полициски инспектори.

Им велат дека нивни блиски направиле сообраќајка и им бараат пари за да ги спасат од затвор или кривичен прогон. 

Ваквите измами не се случуваат првпат. и пред околу две години голем број граѓани се жалеа дека се жртви во исти случки. Тогаш полицијата ги фати измамниците кои во организирани групи од земјава и странство оперирале заеднички.

Од полицијата апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и истите веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица.